0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Покетино и Леонардо започнаа да работат на трансфер на Агуеро во ПСЖ

Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро може да ја продолжи кариерата во Пари Сен-Жермен.

Париз, 30 март 2021 (МИА) – Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро може да ја продолжи кариерата во Пари Сен-Жермен.

Според „Todo Fichajes“, главниот тренер на парижаните Маурисио Покетино и спортскиот директор на клубот Леонардо започнале да работат на можна покана за 32-годишниот Аргентинец.

Претходно, Манчестер сити објави дека играчот ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.

Во тековната сезона, 32-годишниот аргентински фудбалер одигра 14 натпревари на сите турнири, на кои постигна три гола. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close