Дописници МКДОпштински вести

Показни вежби во рамки на проектот „Безбедно во сообраќајот“ на плоштадот во Куманово

Отсекот за превенција од СВР Куманово во соработка со општинската организацијата на Црвениот крст и училишните сообраќајни единици денеска на градскиот плоштад организираа показна вежба за укажување на последици од непочитување на сообраќајни правила и прописи, и укажаа на важноста за пружање на навремена правилна прва помош.

Куманово, 5 февруари 2021 (МИА) – Отсекот за превенција од СВР Куманово во соработка со општинската организацијата на Црвениот крст и училишните сообраќајни единици денеска на градскиот плоштад организираа показна вежба за укажување на последици од непочитување на сообраќајни правила и прописи, и укажаа на важноста за пружање на навремена правилна прва помош.

Активистите на Црвениот крст практично покажаа како се санираат најчести повреди од сообраќајни повреди. Возачите кои ги контролираше сообраќајна полиција покрај друго покажаа познавања од практично укажување на прва помош. Учениците од сообраќајните единици и овој пат поделија налепници за неправилно паркирање на учесниците во сообраќајот со која се опоменаа несовесните возачи.

– Проектот „Безбедно во сообраќајот“ се спроведува со различни активности секоја година во соработка со различни организации и институции на локално ниво, кои имаат за цел да ја зајакнат свеста кај сите учесници во сообраќајот за почитување на правилата и прописите и поголема сообраќајна култура. Денеска покрај овие цели сакавме да ги запознаеме идните кандидати за возачи дека стручниот испит за познавање на прва помош за нив, согласно измените во Законот за безбедност во сообраќај на патиштата член 281, став 6 ќе се полага во општинската организација на Црвен крст, изјави Виолета Богдановска од отсек за превенција.

Денеска се спроведе и сообраќајна поука за пешаци учесници во сообраќајот по прекршоци кои се однесуваат за нив, а во наредниот период се планира поширока кампања за штетното влијание на алкохол при управување на возилата.ам/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close