Svet.SlajderСветСвет.Портал

Погребот на Џорџ Флојд закажан за 9 јуни, соопштија адвокатите на семејството

Погребот на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицијата минатата недела, ќе се оддржи на 9 јуни во Хјустон, во сојузната држава Тексас, соопштија адвокатите на семејството, пренесе ДПА.

Вашингтон, 2 јуни 2020 (МИА) – Погребот на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицијата минатата недела, ќе се оддржи на 9 јуни во Хјустон, во сојузната држава Тексас, соопштија адвокатите на семејството, пренесе ДПА.

Флојд (46) поголем дел од својот животот го минал во Хјустон. Подоцна се преселил во Минеаполис, каде и беше убиен, и каде во четврток ќе се одржи помен.

Помен, исто така, во сабота ќе се оддржи и во Северна Каролина, каде тој бил роден, додава ДПА.

Ноќта прд погребот во Teксас ќе има бдеење. сд/

Back to top button
Close
Close