Дописници МКДОпштински вести

Поглаварот на ИВЗ, ефенди Фетаху, во посета на Дебарското муфтиство

Во посета на Дебарското муфтиство престојуваше Поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Шаќир ефенди Фетаху, заедно со гостварскиот муфтија Сабахудин ефенди Зендели и други соработници, информираа од муфтиството.

Дебар, 7 март 2021 (МИА) – Во посета на Дебарското муфтиство престојуваше Поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Шаќир ефенди Фетаху, заедно со гостварскиот муфтија Сабахудин ефенди Зендели и други соработници, информираа од муфтиството.

На средбата тие му посакаа успех на Решат ефенди Качалнику на новата функција, како муфтија на Дебар.

-За време на разговорот, Реисот беше изненаден од достигнувањата на муфтиството во рекордно време, откако прв човек на оваа институција е муфтијата Качалнику. Тој, исто така, се убеди во подготвеноста на секој имам и вработен да биде на потребното ниво на должноста и во служба на муслиманските верници, додаваат од муфтиството.

Посочуваат дека главниот збор за овој успех е несомнено соработката и заедништвото на целиот персонал во рамки на Дебарското муфтиство со цел да се работи и да се постигнуваат позитивни резултати заедно со верниците, но пред сè „максималната транспарентност што ја карактеризира оваа институција за пошироката јавност“.

-Во духот на оваа соработка, Реисот вети помош во спроведувањето на проекти во различни области како што се: инфраструктура, човечки ресурси, академски напредок, институционална соработка и друго, посочуваат од Дебарското муфтиство.

Врз основа на статутот на Исламската верска заедница и со  одлука на Ријасетот, како нејзин највисок орган, за прв човек на дебарското муфтиство, Решат ефенди Качалнику, беше избран на почетокот на ноевмри минатата година а од октомври 2019 беше наименуван за координатор на муфтиството.

Четиресет и четири годишниот Качалнику, завршил средно исламско училиште „Медресе Иса Бег”, а дипломирал на Факултетот за исламски науки во Скопје. Во служба на ИВЗ е 25 години.

Дебарското муфтиство ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Река. вт/сст/

 

 

Back to top button
Close
Close