0_Спорт.ПорталФудбал

Погба продолжува со тренинзите следната недела

Дваесет и шест-годишниот Французин ќе се обиде да биде на линија за 29-то коло од Премиер лигата против Манчестер Сити на 8 март. Сепак, најверојатен датум за играчот да се врати на теренот е 15 март, за натпреварот од 30-то коло со Тотенхем.

Манчестер, 28 февруари 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, ќе се врати на тренинзите на почетокот на следната недела, пренесува „Екип“.

Дваесет и шест-годишниот Французин ќе се обиде да биде на линија за 29-то коло од Премиер лигата против Манчестер Сити на 8 март. Сепак, најверојатен датум за играчот да се врати на теренот е 15 март, за натпреварот од 30-то коло со Тотенхем.

Во сезоната 2019/20, Погба забележа 7 натпревари во Премиер лигата во кои оствари две асистенции. Во поголемиот дел од сезоната, Французинот третираше повреда на глуждот, а во јануари беше подложен на операција.

Таг
Back to top button
Close
Close