0_Спорт.ПорталФудбал

Погба објави видеа од болница пред и по операцијата

Французинот постави на Инстаграм кратко видео од болницата каде што му била извршена интервенцијата.

Манчестер, 7 јануари 2019 (МИА) – Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, беше подложен на операција на глуждот, нешто што беше потврдено претходно оваа недела од страна на менаџер на тимот, Оле Гунар Солскјер.

Французинот постави на Инстаграм кратко видео од болницата каде што му била извршена интервенцијата.

Од почетокот на сезоната, Погба има само осум натпревари на сите турнири со екипата на Манчестер Јунајтед, поради неговите континуирани проблеми со глуждот.

Според Солскјер, повредата што довела до оваа операција е различна од онаа, што наметна тоа Погба да пропушти три месеци.

Французинот сигурно нема да игра до крајот на јануари, а многумина велат дека неговиот менаџер Мино Рајола, во меѓувреме ќе се обиде да договори трансфер во друг тим.

Таг
Back to top button
Close
Close