0_Спорт.ПорталФудбал

Погба: Франција повеќе не е најдобрата репрезентација на светот

Фудбалерот од средниот ред на Франција, Пол Погба изјави дека „триколорите“ повеќе не се најдобрата селекција на светот.

Лион, 7 септември 2021 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Франција, Пол Погба изјави дека „триколорите“ повеќе не се најдобрата селекција на светот.

– Помина многу време откако победив натпревар со Франција. Ми недостига ова време, на сите ни недостасува. Ние веќе не сме најдобриот тим во светот. Мораме да смениме се и да бидеме поагресивни. Треба да вложиме повеќе напор и да ставиме повеќе желба во играта, изјави Погба за „Марка“.

Последен пат Французите ја победија Германија (1:0) на 15 јуни на Еуро 2020.

Вечер од 20:45 часот, Французите ќе играат против Финска во квалификациски меч за Светското првенство 2022 година.

Во моментов, француската репрезентација е на првото место во Д-групата со 9 бода. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close