0_Спорт.ПорталФудбал

Погба ја започнува новата сезона во Манчестер jунајтед, ПСЖ сепак сака да го ангажира Французинот

Играчот за врска на Манчестер јунајтед, Пол Погба ќе ја започне нова сезона со англискиот клуб, пишува „The Telegraph“.

Лондон, 5 август 2021 (МИА) – Играчот за врска на Манчестер јунајтед, Пол Погба ќе ја започне нова сезона со англискиот клуб, пишува „The Telegraph“.

Според британскиот весник, Французинот ќе продолжи да игра за Манчестер јунајтед, но сепак може да се пресели во друг тим, бидејќи ништо не е јасно за новиот договор.

Исто така, се известува дека ПСЖ сé уште е заинтересиран за фудбалерот.

Актуелниот договор на Погба со Манчестер јунајтед е со важност до летото 2022 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close