0_Магазин.ПорталЗанимливости

Поетска аптека за луѓе со психички проблеми

Самата идеја ја добила работејќи со луѓе со деменција, при што забележала дека некои поеми позитивно влијаат на расположението кај пациентот.

Лос Анџелес, 22 јануари 2020 (МИА) – Во малото британско гратче Шорпшајер, поетесата Дебора Алма реши да отвори поетска аптека, бидејќи верува оти при проблеми со психичкото здравје, ниту еден лек не е подобар од песните. Освен тоа, нејзината „установа“ издава песни со рецепт.

Изминативе шест години, Дебора Алма ја водела „Службата за поезија за итни случаи“ низ училишта, фестивали и бројни настани, претставувајќи ги поемите како лек за психички заболувања.

Таа својата мисија ја води со својот партнер, исто така, поет – Џејс Шерд.

Идејата ја добила работејќи со луѓе со деменција, при што забележала дека некои поеми позитивно влијаат врз расположението на пациентот. си/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close