0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Подобрено осветлувањето на Гевгелија со нови ЛЕД-светилки

Од влезот на Гевгелија до кружниот тек на булеварот, заврши акцијата за замена на старите натриумови со нови 95 ЛЕД-светилки, кои овозможуваат подобро осветлување и заштеда во потрошувачката на електрична енергија од 612.000 денари годишно.

Гевгелија, 3 јуни 2020 (МИА) – Од влезот на Гевгелија до кружниот тек на булеварот, заврши акцијата за замена на старите натриумови со нови 95 ЛЕД-светилки, кои овозможуваат подобро осветлување и заштеда во потрошувачката на електрична енергија од 612.000 денари годишно.

Покрај ова, променети се и ЛЕД-арматурите во продолжение од кружниот тек до крајот на булеварот кон западниот дел од градот, поточно до подножјето на населбата Караорман, потврдија од Одделението за комунални дејности на Општина Гевгелија.

– Поставувањето на новото осветлување со ЛЕД-светилки, на дел од сообраќајниците и локалните патишта во зоните на живеење, има цел дополнително да ја зголемиме енергетската ефикасност на системот за улично осветлување, да заштедиме од потрошувачката на електрична енергија и, што е исто така многу значајно, да ја подобриме сообраќајната и социјалната безбедност на граѓаните, рече градоначалникот Сашо Поцков. им/цр/

Back to top button
Close
Close