Дописници МКДОпштински вести

Подобрена инфраструктурата и енергетската ефикасност во Земјоделско-шумарското училиште во Кавадарци

Општина Кавадарци во целост го реализира проектот за подобрување на инфраструктурата и енергетската ефикасност во Земјоделско-шумарското училиште „Ѓорче Петров”.

Кавадарци, 9 септември 2020 (МИА) – Општина Кавадарци во целост го реализира проектот за подобрување на инфраструктурата и енергетската ефикасност во Земјоделско-шумарското училиште „Ѓорче Петров”.

Како што соопштија попладнево од Службата за односи со јавност при кавадаречката локална самоуправа, во првата фаза беа извршени градежни активности за промена на кровната конструкција и поставување на нова термо фасада, а во последната фаза постоечкото осветлување се замени со ново ЛЕД осветлување.

-Овој проект е финансиски поддржан од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги-УНОПС во висина од 82.017 американски долари, додека Општината учествуваше со сопствени 3.500 долари, информира прес-службата на Општината. свд/мч/

Back to top button
Close
Close