0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталБизнис.СлајдерЕкономијаМакедонија.СлајдерОпштество

Поднесени првите барања од мали винарници за регистрација

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска претставници на неколку мали винарници поднесоа барања за упис во Регистарот на производители на вино.

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска претставници на неколку мали винарници поднесоа барања за упис во Регистарот на производители на вино.

Барањата се доставени до Архивата на МЗШВ, по што претставниците на винариите имаа средба со министерот Трајан Димковски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ.

Како што објави Димковски на својот фејсбук профил, со измената на Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство, се олеснија условите за упис во Регистарот на производители на вино на физички лица и мали винарски визби. Измената ќе придонесе за праведност во однос на трошоците за регистрација на винарска визба, односно висината на трошоците да соодветствува со капацитетот за производство.

-Намалувањето на трошоците за регистрација ќе биде мотивација за многу физички лица кои во домашни услови произведуваат вино, да можат на легален начин да го пуштат во промет, наведува Димковски.

Со измената на Правилникот, малите винарници со капацитет на преработка и чување вино до 30.000 литри годишно, наместо 10.000 денари надоместок за регистрација ќе плаќаат само 1.500 денари, а големите винарски визби со капацитет над 30.000 литри надоместокот е намален за половина, односно тие ќе плаќаат 5.000 денари годишно.

За полесен пристап до регистрацијата, МЗШВ изготви флаер со чекори до упис во Регистар на производители на вино. мч/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close