0_Спорт.ПорталФудбал

Подмладокот на Црвена ѕвезда, Вождовац и Графичар на подготовки во Охрид

Соработката на ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид со агенцијата „Спорт плус“ од Белград специјализирана за организација на спортски турнири и подготовки на спортски клубови резултираат со договори со повеќе познати фудбалски клубови од Србија.

Охрид, 17 февруари 2020 (МИА) – Соработката на ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид со агенцијата „Спорт плус“ од Белград специјализирана за организација на спортски турнири и подготовки на спортски клубови резултираат со договори со повеќе познати фудбалски клубови од Србија.

Овој месец на подготовки во Охрид се младите фудбалери на Црвена ѕвезда, Вождовац и Графичар од генерациите 2004 и 2005 година, кои на капацитетите на Спортскиот центар ќе одржат и неколку подготвителни натпревари со соодветни клубови и фудбалски школи од земјата.

Спортско-рекреативниот центар „Билјанини Извори“ во континуитет е домаќин на фудбалски тимови кои тука доаѓаат на подготовки, најчесто клубови од Србија, Албанија, Бугарија и Косово. Тоа оди во прилог на заложбите да се искористат спортските и сместуваките капацитети за развој и зголемување на спортскиот туризам во Охрид, особено во месеците од годината кога нема многу гости. аб/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close