0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Подигнат отпадот од дива депонија близу железничката станица во Гостивар

Екипи на гостиварското комунално претпријатие вчера ја расчистуваа дивата депонија покрај пругата во близина на железничката станица. Неодговорни лица на ова место фрлаат градежен шут, автомобилски гуми, мебел и друг вид на отпад.             За ден ипол колку што траеше расчистувањето, комуналците подигнаа над 30 тони отпад и го транспортираа на депонија.

Гостивар, 5 февруари 2021 (МИА) – Екипи на гостиварското комунално претпријатие вчера ја расчистуваа дивата депонија покрај пругата во близина на железничката станица. Неодговорни лица на ова место фрлаат градежен шут, автомобилски гуми, мебел и друг вид на отпад.

За ден ипол колку што траеше расчистувањето, комуналците подигнаа над 30 тони отпад и го транспортираа на депонија.

– Дивата депонија се наоѓаше на простор околу кој има станбени згради и функционираат неколку приватни компании. Освен со неубавата глетка, повеќето граѓани се соочуваа и со лошата миризба која се ширеше оттаму. Ние бевме принудени да делуваме повторно, вели Исак Љазами директор на ЈП „Комуналец“.

Тој посочи дека граѓани со неодговорниот однос кон животната средина создаваат депонии и ѓубришта на исти локации. Овој простор изминативе две години беше расчистуван во два наврати.

Законот за јавна чистота предвидува казни од 50 до 4.000 илјади евра доколку не се почитуваат законските одредби за јавна хигиена. згм/бак/

Back to top button
Close
Close