0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Поддршка од ресенскиот градоначалник за јаболкопроизводителите

Градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски јавно ги поддржа производителите на јаболкa за нивното барање за минимална продажна цена на преспанското јаболко.

Ресен, 21 август 2020 (МИА) – Градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски јавно ги поддржа производителите на јаболкa за нивното барање за минимална продажна цена на преспанското јаболко.

На средбата со претставници на земјоделските задруги, и со претставникот на работната група на јаболкопроизводители која доцна попладнево се одржа во Ресен, градоначалникот Гошаревски беше информиран и за сите актуелности и проблеми со кои се соочуваат јаболкопроизводителите.

– Како градоначалник, давам целосна поддршка на ставот околу минимална продажна цена на јаболкото, договорена од страна на задругите на јаболкопроизводители. Заеднички го констатиравме успехот што беше постигнат оваа сезона во заштитата од град, со авионско „засејување“ врз облаците. Разговаравме околу предизвиците со кои се соочуваат пред почетокот на годишната берба, како и насоки на делување на Општината и институциите во интерес на овоштарите, изјави Гошаревски по средбата со производителите на јаболка во Ресен. мт/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close