0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Поддршка од германскиот министер за Европа, Рот за Никола Димитров и коалицијата „Можеме“

Германскиот државен министер за Европа Михаил Рот преку видео обраќање упати силна поддршка до Никола Димитров, носител на листата на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во изборната единица 1.   

Скопје, 5 јули 2020 (МИА) – Германскиот државен министер за Европа Михаил Рот преку видео обраќање упати силна поддршка до Никола Димитров, носител на листата на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во изборната единица 1.
-Никола Димитров не е само успешен, тој е и мошне искусен министер за надворешни работи. Тој не е само посветен Европеец, туку е и близок и доверлив пријател. И се гордеам со тоа. Тој ги брани европските вредности во тешки времиња. Тој се повикува на надежта кај луѓето, а не на нивните стравови. Тој е одличен соговорник со прекрасна смисла за хумор. И секогаш можам да сметам на него. Затоа целосно ја поддржувам неговата кандидатура за Собранието на Северна Македонија, смета Рот.
Државниот министер за Европа на актуелниот претседавач со Европската унија, Германија, во видеото вели: „Ве молам гласајте за него, гласајте за светлата иднина на Република Северна Македонија.“ мд/мч/

Back to top button
Close
Close