0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Почнува санацијата на свлечиштето Велес-Градско

На 17 февруари ќе почне санацијата на свлечиштето и потпорниот ѕид на регионалниот пат Р1102, делница Велес–Градско (транзитен дел низ Велес). Предвидениот рок за извршување на работите е осум месеци, односно до 17.10.2020 година. Инвестициската проценета вредност за санацијата изнесува 62.441.350,74 денари, соопшти денеска Јавното претпријатие за државни патишта.

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – На 17 февруари ќе почне санацијата на свлечиштето и потпорниот ѕид на регионалниот пат Р1102, делница Велес–Градско (транзитен дел низ Велес). Предвидениот рок за извршување на работите е осум месеци, односно до 17.10.2020 година. Инвестициската проценета вредност за санацијата изнесува 62.441.350,74 денари, соопшти денеска Јавното претпријатие за државни патишта.

При изведба на свлечиштето ќе се изврши ископ и санација на веќе пропаднатиот дел од патот со изградба на нов бетонски ѕид. Поставување на нова еластична ограда согласно со европските стандарди и демонтажа на старата ограда. Ќе се извршат земјени, геотехнички и ѕидарски работи на еден дел, односно ќе се изврши целосно торекетирање на околу 5.000,00 м2 со поставување на анкери, поставување на габиони и поставување на заштитни мрежи за да се спречат било какви одрони во иднина.

На крајот ќе биде извршена санација на оштетениот асфалт со гребење и асфалтирање со цел да се комплетира санацијата на свлечиштето.са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close