0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Почнува реконструкцијата на фасадата и промена на покривот на штипското основно училиште „Тошо Арсов“

Почнаа подготвителните активности за реконструкција на фасадата на зградата на Општинското основно училиште „Тошо Арсов“, како и на фасадата на спортската сала. Во рамките на оваа реконструкција целосно ќе се мени и покривот на двата објекти, најави денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Штип, 22 јуни 2020 (МИА) – Почнаа подготвителните активности за реконструкција на фасадата на зградата на Општинското основно училиште „Тошо Арсов“, како и на фасадата на спортската сала. Во рамките на оваа реконструкција целосно ќе се мени и покривот на двата објекти, најави денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Тој рече дека се работи за поголема капитална инвестиција, која ќе му даде нов изглед на училиштето и ќе придонесе за подобри услови на учениците и наставниот кадар.

– Ова е поголема инвестиција од над 650.000 евра и со овие средства целосно ќе се реконструира фасадата и кровот во целото училиште и спортската сала. Досега тука имаме инвестирано во реконструкција на санитарните јазли, промена на прозорците после неколку децении, реконструкција на дворот и дворната површина, вели Бочварски.

Директорката на ООУ „Тошо Арсов“, Фросина Маџарова, изјави дека по неколкуте укажувања од интегралните инспекции конечно се започнува со реконструкција и поставување на нов кров и термоизолациона фасада. Лани во ова училиште по 14 години беа променети и прозорците и вратите, со што се реши неколку деценискиот проблем со затоплувањето и провевот во училиштето.

Раководителката на Секторот за образование при Општина Штип, Билјана Казанџиска рече дека се работи на темелно реконструирање во основните училишта и во изминатите две години се вложени сериозни средства од локалната самоуправа. вдј/сст/

Back to top button
Close
Close