Општински вестиСкопје

Почнува изградбата на фекална канализација во Црешево

Посветени на Гази Баба решаваме уште еден децениски проблем на граѓаните. Започнуваме уште еден капитален проект за изградба на фекална канализација во Црешево. Проектот за изградба на фекалната мрежа го опфаќа целото населено место, а ќе биде изведуван во две фази. Првата фаза ја опфаќа десната страна на селото, каде ќе биде изградена примарна и секундарна мрежа на 6 проектирани краци, изградба на препумпна станица и изградба на колектор, изјави градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски.

Скопје, 21 јули 2021 (МИА) – Посветени на Гази Баба решаваме уште еден децениски проблем на граѓаните. Започнуваме уште еден капитален проект за изградба на фекална канализација во Црешево. Проектот за изградба на фекалната мрежа го опфаќа целото населено место, а ќе биде изведуван во две фази. Првата фаза ја опфаќа десната страна на селото, каде ќе биде изградена примарна и секундарна мрежа на 6 проектирани краци, изградба на препумпна станица и изградба на колектор, изјави градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски.

Изградбата на фекалната канализација во Црешево, посочи, е проект финансиран од средства на општина Гази Баба, а за првата фаза се предвидени 15 милиони денари.

– Вие жителите на Црешево најдобро паметите, за лошо проектираниот и неуспешен обид, на мојот претходник за изградба на канализација сред река. Нивната лоша идеја и менаџирање ја однесе поплавата во 2016 година. Денес, ние, за разлика од нив, градиме плански, безбедно и сигурно. Како општина, сите овие изминати три години работиме посветено, за да ги решиме проблемите кои со децении ги мачат граѓаните. Покрај фекалната мрежа, која сега започнуваме да ја градиме во Црешево, работиме и на изградба на фекална мрежа во населените места Гоце Делчев, Смилковци, Јурумлери и Трубарево. Тука не застануваме, продолжуваме и понатаму со проекти – фекалната мрежа во Попово Маало и Хиподром 2, додаде Георгиевски. рп/сп/

Back to top button
Close
Close