Дописници МКДЕкономијаОпштински вести

Почната постапката за изработка на урбанистички планови за селата во Општина Охрид

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, заедно со претставници од Секторот за урбанизам оствари средба со планерските куќи избрани на тендерот за изработка на урбанистички планови за охридските села, Велгошти, Горно Лакочереј, Орман, Вапила, Љубаништа, Трпејца, Косел, Рамне, Сирула, Елшани, Лескоец, Опеница, Куратица, Лагадин, Долно Коњско, Долно Лакочереј, Подмоље и Горно Коњско.

Охрид, 1 октомври 2020 (МИА) – Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, заедно со претставници од Секторот за урбанизам оствари средба со планерските куќи избрани на тендерот за изработка на урбанистички планови за охридските села, Велгошти, Горно Лакочереј, Орман, Вапила, Љубаништа, Трпејца, Косел, Рамне, Сирула, Елшани, Лескоец, Опеница, Куратица, Лагадин, Долно Коњско, Долно Лакочереј, Подмоље и Горно Коњско.

Во соопштението што го објави Општина Охрид се повикуваат заинтересираните граѓани и правни субјекти што гравитираат во односните опфати преку архивата на Општина Охрид сите свои идеи и предлози да ги достават до надлежниот Сектор за урбанизам.

Процесот на изработка на урбанистички планови во општините како Охрид во која атарите на населените места зафаќаат и делови на заштитени подрачја, локалитети со природни реткости што се под посебен надзор, тешко се одвива пред се поради потребата од добивање многу согласности од најразлични институции, особено од Министерството за животна средина и просторно планирање одговорно за заштита на природните ресурси.

Тоа во значаен дел им претставува проблем на општините, како за сопствениот нивен развој така и за користење на средствата од ИПАРД претпристапните фондови на ЕУ наменети токму за развој и поддршка на руруалните средини. Општина Охрид е особено засегната со односната проблематика затоа што голем број од селата и населените места својот иден развој во добар дел го гледаат во искористување на своите природни особености за развој на туризмот. аб/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close