СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Почнаа третите парламентарни избори во Израел за помалку од една година

Утринава во Израел почнаа третите парламентарни избори за помалку од една година на кои се одлучува дали премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе остане на власт и покрај претстојното судење заради обвинувањата за корупција.

Ерусалим, 2 март 2020 (МИА) – Утринава во Израел почнаа третите парламентарни избори за помалку од една година на кои се одлучува дали премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе остане на власт и покрај претстојното судење заради обвинувањата за корупција.

Израелскиот премиер, кој на оваа функција е во последните 13 години, на чело на преодната влада се наоѓа подолго од една година.

По двете рунди избори, во април и септември, немаше јасен победник и владата не беше формирана, па беа распишани трети избори, што досега се нема случено во историјата на Израел.

Испитувањата  на јавното мнение покажуваат дека политичкиот застој можеда продолжи и покрај денешното гласање.

Нетанјаху тежнее по петти пат да стане премиер, од што четврти пат по ред.

Неговиот главен ривал, како и на изборите во 2019 година,е поранешниот началник на израелскиот Генералштаб Бени Ганц.

Сојузот на партии од центарот „Сино и бело“, на Ганц, е во тесна трка со партијата Ликуд на Нетанјаху.

Ганц во својата предизборна кампања истакнуваше дека Нетанајху не е способен да владее соочен со сериозни обвинувања.

Имајќи предвид дека ни Нетанјаху, ни Ганц, не можат да формираат коалиција со своите традиционални сојузници, а бидејќу нема никакви шанси за формирање влада на национално единство, денешното гласање може да биде само вовед во уште едни избори.

Во деновите пред изборите немаше многу постери по улиците и на јавните собирања, што инаку е карактеристика на изралските изборни кампањи.

Забележливо е дека гласачите се изморени и може да се покаже дека излезноста ќе биде одлучувачка. сд/

 

Back to top button
Close
Close