Дописници МКДОпштински вести

Почнаа градежни активности за реконструкција на улицата „15-ти корпус“ во Охрид

Екипи на ЈП „Нискоградба“ врши градежни зафати од првата фаза на реконструкцијата на улицата „15-ти корпус“, една од најфреквентните сообраќајници во Охрид.

Охрид, 26 февруари 2020 (МИА) – Екипи на ЈП „Нискоградба“ врши градежни зафати од првата фаза на реконструкцијата на улицата „15-ти корпус“, една од најфреквентните сообраќајници во Охрид.

Станува збор за сообраќајницата што води кон Градските гробишта, односно се приклучува на магистралниот патен правец на излезот од градот кон Битола. Соообрајницата е во мошне лоша состојба, што дополнително наметна потреба од нејзина поскора реконструкција.

Моментално во тек се градежни активности за поставување атмосферска канализација на улицата, на потег со вкупна должина од 610 метри. Предвидено е поставување 21 ревизиона шахта и 37 сливници.

По поставување на атмосферската канализација ќе започнат и активностите за целосна реконструкција на улицата. Локалната самоуправа ќе биде задолжена за изградба и уредување на пешачките и велосипедските патеки, а ЈП „Државни патишта“ ќе биде задолжено за реконструкција на коловозот и поставување на нов асфалт.

Во моментов се подготвува тендерската постапка за изведување на втората фаза од атмосферската канализација на оваа улица, во потегот од реката Сушица до селото Лескоец, за која исто така се предвидени средства од буџетот на општина Охрид. аб/са/

Back to top button
Close
Close