Општински вести

Почнаа активности за изградба на нова улица до ГП Богородица

Реализацијата на проектите за подобрување на патната инфраструктура во Општина Гевгелија продолжува со несмален интензитет, но не како дел од предизборна кампања, туку од порано предвидени проекти на кои сега им дошол редот, велат од општината.

Гевгелија, 9 септември 2021 (МИА) – Реализацијата на проектите за подобрување на патната инфраструктура во Општина Гевгелија продолжува со несмален интензитет, но не како дел од предизборна кампања, туку од порано предвидени проекти на кои сега им дошол редот, велат од општината.

– Меѓу тие проекти е изградбата на новата улица со должина од 930 метри, која почнува од кај мотелот „Вардар“ и по трасата на некогашниот автопат, ќе се поврзе со ообраќајната инфраструктура кај месноста „Милци“ и со автопатот Е-75 со што градот Гевгелија ќе добие уште еден излез на автопатот, посочуваат од општинска служба.

Моментно се реализираат подготвителни активности за изведба на долниот строј и дел од горниот строј по целата должина на улицата за чија комплетна изградба Општина Гевгелија обезбеди дел од сопствените 37 милиони денари кои се планирани уште за продолжението на Западниот булевар и улицата „Александар Бел“.им/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close