Дописници МКДОпштински вести

Почна уредувањето на дворното место на зградата до Здравствениот дом во Валандово

Во Валандово конечно почна уредувањето на дворното место на станбената зграда лоцирана до Здравствениот дом, акција што станарите долго ја чекаа поради проблемот со урбанистичкиот план, потврдија од кабинетот на градоначалникот Перо Костадинов.

Гевгелија, 3 февруари 2020 (МИА) – Во Валандово конечно почна уредувањето на дворното место на станбената зграда лоцирана до Здравствениот дом, акција што станарите долго ја чекаа поради проблемот со урбанистичкиот план, потврдија од кабинетот на градоначалникот Перо Костадинов.

Претходно, велат од општината, беше уреден задниот дел од дворот на овој објект во рамки на спроведената акција за разубавување на просторот по должината на булеверот „Првомајска“ кој беше целосно реконструиран.

Дворната површина, според потпишаниот договор, ќе ја уредува една градежна компанија од Струмица, а за оваа намена Општина Валандово издвои од сопствениот буџет над еден милион денари.

Градежните работи се очекува да завршат најдоцна до првата половина на март. им/вј/

Back to top button
Close
Close