СветСвет.Портал

Почна уништувањето на оружјето во Нов Зеланд

Полицијата во Нов Зеланд денеска почна да го уништува полуавтоматското оружје и пушките во пресрет на 21 декември, кога на сила стапува законот кој забранува поседување такво оружје.

Велингтон, 20 декември 2019 (МИА) – Полицијата во Нов Зеланд денеска почна да го уништува полуавтоматското оружје и пушките во пресрет на 21 декември, кога на сила стапува законот кој забранува поседување такво оружје.

Забраната следи по масакрот во Крајсчрч во март оваа година кога маж уби 51 лице во џамија.

Досега се уништени повеќе од 50.000 парчиња оружје во центрите низ целата земја, меѓутоа некои сопственици се противат на одлуката.

Инаку, на Нов Зеланд на четири лица припаѓа едно парче оружје, а полицијата соопшти дека нема прецизни податоци колку точно оружје е во приватна сопственост.

Властите на Нов Зеланд на 21 март најавија дека ќе воведат забрана за пушки и полуавтоматско оружје од воен тип како одговор на двојниот напад во џамиите во Крајсчрч. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close