Дописници МКДКултураКултура.Портал

Почна тридневен летен карван на книгата во Гевгелија

Градската библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија, во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, го организира традиционалниот „Летен карван на книгата“ на кој годинава се претставуваат десеттина издавачки куќи со најнови изданија од повеќе литературни жанрови.

Гевгелија,16 јуни 2021(МИА) – Градската библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија, во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, го организира традиционалниот „Летен карван на книгата“ на кој годинава се претставуваат десеттина издавачки куќи со најнови изданија од повеќе литературни жанрови.

Штандовите со книги се поставени на отворено пред платото на Домот на културата во Гевгелија, каде од денеска до 19 јуни, љубителите на книгата ќе можат да разгледуваат што им се нуди и со обезбедени попусти да си купат од изложените книги.

– Одлична можност е ова за купување книги по намалени цени и многу поволни услови.На читателите навистина им се нуди богат избор на дела од домашни и странски автори,класични и современи литературни дела, бестселери, стручна и научна литература како и белетристика, велат организаторите на карванот. им/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close