Дописници МКДОпштински вести

Почна со работа Партиципативното тело за подобрување на урбанистичко планирање во Куманово 

Партиципативното тело што го формираше Општина Куманово денеска ја одржа конститутивната и воедно прва работна средба. Телото е формирано во согласност со Законот за урбанистичко планирање за обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање и учество на граѓанските организации, претставници од урбани и месни заедници, на граѓани е на доброволна основа.

Куманово, 19 февруари 2021 (МИА) – Партиципативното тело што го формираше Општина Куманово денеска ја одржа конститутивната и воедно прва работна средба. Телото е формирано во согласност со Законот за урбанистичко планирање за обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање и учество на граѓанските организации, претставници од урбани и месни заедници, на граѓани е на доброволна основа.

Денеска беа избрани органите на телото, претседател, заменик-претседател и секретар, кои согласно Деловникот се од редовите на Комисијата за урбанизам и беа разгледани две предлог плански програми.

– Учесниците со своите сугестии, забелешки можат да влијаат во новите плански решенија, да ги подобрат. По сила на закон во партиципативното тело членуваат претставници на Комисијата за урбанизам од општинската администрација, а на доброволна основа граѓански здруженија, поединци, кои ќе придонесат за што подобро урбанистичко планирање на Куманово, изјави, раководителката на Секторот за урбанизам на Општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска.

Телото има Деловник за работа, што го донесе Советот на Општина Куманово на седница одржана лани во октомври.

Сугестиите на членовите ќе бидат вклучени во планските решенија, а телото може мислењата и потребите директно да ги пренесе и на Советот. Телото ќе заседава еднаш на два месеци, но ако има материјал ќе се среќава и почесто. ам/бт/

Back to top button
Close
Close