Дописници МКДОпштински вести

Почна со работа лизгалиштето во Куманово

Кумановци од денеска можат бесплатно да се лизгаат на лизгалиштето поставено во непосредна близина на градскиот базен.

Куманово, 19 јануари 2020 (МИА) – Кумановци од денеска можат бесплатно да се лизгаат на лизгалиштето поставено во непосредна близина на градскиот базен.
Опремата за лизгалиштето општината ја доби од Агенцијата за млади и спорт, а граѓаните ќе можат да го користат без надокнада.
-Ја користам приликата да се заблагодарам на Агенцијата, ние го ставивме во функција. Трошоците за функционирање ќе бидат на товар на општината и на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ кое ќе менаџира, истакна Димитриевски.
Тој изрази надеж дека ќе се почитуваат правилата за користење и појасни дека малолетните ќе мора да доаѓаат со родител или старател, кои потпишуваат изјава, по што се добиваат лизгалки и се користат бесплатно.
Лизгалиштето ќе биде поставено до крајот на зимата.ам/бк/

Back to top button
Close
Close