Дописници МКДОпштински вести

Почна со работа Итната стоматолошка служба во Делчево и Македонска Каменица

Итна стоматолошка служба почна да функционира во Делчево и Македонска Каменица, а по препорака на Министерството за здравство. На територијата на двете општини, како што информираше директорката на делчевскиот Здравствен дом, д-р Марија Глигоровска, Итната стоматолошка служба ќе биде организирана со дежурства од матичните стоматолози.

Делчево, 31 март 2020 (МИА) –  Итна стоматолошка служба почна да функционира во Делчево и Македонска Каменица, а по препорака на Министерството за здравство. На територијата на двете општини, како што информираше директорката на делчевскиот Здравствен дом, д-р Марија Глигоровска, Итната стоматолошка служба ќе биде организирана со дежурства од матичните стоматолози.

-Пациентите се должни да се јават кај својот матичен стоматолог, кој ќе земе стоматолошка анамнеза и анкета и доколку утврди дека пациентот има потреба од итна стоматолошка интервенција го контактира и закажува пациентот кај матичниот стоматолог, истакна Глигоровска.

Според предвиденото, ќе бидат примени само итни случаи утврдени според посебна листа за итни случаи на самите стоматолози.

-Тука станува збор за силна постојана забоболка, акутна инфекција како оток, тешко отворање уста и зголемена телесна температура, поголеми крварења кои не сопираат подолг временски период, повреди во подрачје на заби, како и други повреди на горна или долна вилица и орална шуплина додаде Глигоровска

Распоредот за дежурните ординации веќе е истакнат на влезот на амбулантите во Делчево и Каменица. Во Делчево во рамки на Итната стоматолошка служба на располагање на граѓаните се вкупно 13 ординации, додека четири стоматолошки ординации ќе вршат дежурства во општина во Македонска Каменица. вс/рп/

Back to top button
Close
Close