Политика

Почна седницата за ратификација на Протоколот за НАТО (во живо)

Во Собранието попладнево почна свечената седница за ратификација на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) – Во Собранието попладнево почна свечената седница за ратификација на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

На свечената седница на Ратификацијата на Северноатлантскиот договор свои обраќања ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Парламентот Талат Џафери, техничкиот премиер Оливер Спасовски, како и лидерот на ДУИ Али Ахмети, координаторите на пратеничките групи на СДСМ Јован Митрески, на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ Нола Исмајлоска Старова, пратениците на Алијанса на Албанците Сурја Рашиди на Алтернатива Африм Гаши, на БЕСА Фадил Зендели и на ДПА Мерал Ферати. По гласањето пред пратениците и присутните ќе се обрати и претседателот на ПС-НАТО Атила Местерхази.

Во Собранието се присутни Мирослав Туѓман, пратеник и шеф на Хрватската делегација во ПС НАТО, Василика Хуси, потпретседател на албанскиот Парламент, Цвета Карајанчева, претседател на бугарското Собрание, Генци Ниманбегу, претседател на Парламент на Црна Гора.

На седницата поканети да присуствуваат се и поранешни претседатели, премиери, лидери на политички партии, како и претстатвници од општествениот и јавниот живот и дипломатскиот кор, меѓу кои и амбасадори од земји членки на НАТО.

По ратификацијата во 16 часот планирана е церемонија на подигнување на знамето на НАТО пред Собранието.са/ац/

Обраќање на седницата на Собранието на која на дневен ред е Предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор

🔴ВО ЖИВО | Обраќање на седницата на Собранието на која на дневен ред е Предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор

Posted by Stevo Pendarovski on Вторник, 11 февруари 2020

Back to top button
Close
Close