Дописници МКДОпштински вести

Почна санацијата на руинираниот мост во пехчевското село Умлена

Започнаа активности за санација на руинираниот мост во пехчевското село Умлена. Како што информираа од општина Пехчево, фирмата изведувач во моментот работи на подготвителните активности, кои опфаќаат поставување на опрема на градилиштето, чистење на теренот од паднатите делови со исфрлање на шутот и широк ископ заради потребите од ,,оплатирање" на ѕидовите.

Пехчево, 21 април 2021 (МИА) – Започнаа активности за санација на руинираниот мост во пехчевското село Умлена. Како што информираа од општина Пехчево, фирмата изведувач во моментот работи на подготвителните активности, кои опфаќаат поставување на опрема на градилиштето, чистење на теренот од паднатите делови со исфрлање на шутот и широк ископ заради потребите од ,,оплатирање” на ѕидовите.

-Мостот кој го поврзува село Чифлик со село Умлена денес започна да се поправа, заради што од страна на изведувачот прво се работи под самиот мост, се носат механизации за бушење, ископ и сè што е потребно за овој сериозен зафат за поправка на оштетениот мост кој бил запоставен многу години, истакнаа од Општината.
Мостот се наоѓа во исклучително лоша состојба, за што претходно како што додаде градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски, оправдано реагирале жителите.
-Реконструкцијата ќе ги опфати темелите, столбовите по целата висина кои ќе се зајакнат со нов бетон и арматура, ќе се изврши промена на старите со нови лежишта. Во горниот строј на мостот предвидено е зајакнување на главните и попречните челични носачи, зајакнување на постоечката армирано – бетонска коловозна плоча, изведба на хидроизолација, што значи се работи на сите позиции за целосна санација на мостот, дополни Тренчовски.

Финансиските средства се обезбедени од Буџет на општината, а фирма изведувач задолжена за реконструкција на мостот е СД.„Транс“ од Делчево. Рокот на изградба на мостот е 15 дена, додека превозот за време на поправката ќе се одвива редовно само за лесни возила. вс/вг/

Back to top button
Close
Close