Дописници МКДОпштински вести

Почна реконструкцијата на водоводна мрежа на улица „Киро Фетак“ во Куманово

Почна реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Киро Фетак“ во Куманово, информираше денеска градоначалникот Максим Димитриевски.

Куманово, 9 април 2021 (МИА) – Почна реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Киро Фетак“ во Куманово, информираше денеска градоначалникот Максим Димитриевски.

Градежните активности на терен ќе ги спроведува скопската компанија „Коп Инженеринг“ која беше избрана на тендерот објавен од Општината. За оваа инвестиција, согласно склучениот договор, Општината одвои 2.860. 643 денари со вклучен ДДВ. Проценетата вредност на набавката беше над 3,5 милиони денари.

– Ќе се реконструира 500 метри должина од водоводната мрежа која во текот на изминативе години е дотраена и нефункционална. Предвидено е на реконструираната мрежа да има 150 приклучоци, изјави помошникот раководител на Одделението за комунални дејности, Момчило Јовановски.

Реконструкцијата на мрежата се очекува да заврши до крајот на мај годинава. ам/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close