Видео изјаваОпштински вестиСкопје

Почна реконструкцијата на улицата „Востаничка“ во Кисела Вода

Почна реконструкцијата на улицата „Востаничка“ во општина Кисела Вода. Според градоначалникот на општината, Филип Темелковски оваа улица е една од главните артерии во Кисела Вода, и со нејзина рехабилитација ќе се подобри квалитетот на живеење на жителите од овој дел на општината.

Скопје, 21 август 2020 (МИА) – Почна реконструкцијата на улицата „Востаничка“ во општина Кисела Вода. Според градоначалникот на општината, Филип Темелковски оваа улица е една од главните артерии во Кисела Вода, и со нејзина рехабилитација ќе се подобри квалитетот на живеење на жителите од овој дел на општината.

-Со соработката со Градот Скопје го подигаме квалитетот на живеење во нашата општина и еден по еден клучните проблеми ги решаваме. Оваа улица со години не била реконструирана и никакви зафати не биле правени во овој дел од општината, истакна Темелковски по денешната посета на градежните активности на улицата „Востаничка“.

Општината Кисела Вода, како што информира, и во месната и во урбаната заедница Пржино ќе отпочне рехабилитација на улиците „Мила Мијалковиќ“ и „Мариовска“.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој денеска ги посети градежните активности на улицата во Кисела Вода истакна дека од денеска па во наредните 40 дена овде ќе се одвиваат градежни активности на целосна рехабилитација на коловозот и поправка на тротоарите онаму каде што е неопходно.

-Градот Скопје денеска на територија на општина Кисела Вода почнува целосна реконструкција на улицата „Востаничка“ која е всушност продолжение на „Бихаќка“ и „Црниче“ кои беа предмет на целосна реконструкција во текот на минатата година. Со ова ќе се реши горлив проблем што долги години ги мачи граѓаните од овој дел на градот, рече Шилегов.

Додаде дека тука ќе се изработат нови 76 приклучоци во водоводната мрежа со цел обезбедување континуирано и квалитетно водоснабдување за граѓаните.

Потсети дека од вчера и официјално е почната градежната офанзива за оваа сезона. Предмет на реконструкција на нови коридори ќе бидат околу 20 улици, а крајна цел е, според него да се подобри квалитетот на урбаното живеење во градот. бт/ац/

Изјава на на Петре Шилегов по означувањто на почетокот на реконструкцијата на улицата ,,Востаничка

Posted by MИА.mk on Петок, 21 август 2020

 

 

Back to top button
Close
Close