Дописници МКДОпштински вести

Почна реконструкцијата на улицата до штипската касарна „Јане Сандански“

Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов, денеска беше во посета на касарната „Јане Сандански“, каде се чествуваше партониот празник. Николов истакна дека  локална власт води сметка за патната инфруструктура до касарната, а токму од денеска се почнати градежни активности за рехабилитација на улицата „Слободан Јовановски“.

Штип, 22 април 2021 (МИА) – Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов, денеска беше во посета на касарната „Јане Сандански“, каде се чествуваше партониот празник. Николов истакна дека  локална власт води сметка за патната инфруструктура до касарната, а токму од денеска се почнати градежни активности за рехабилитација на улицата „Слободан Јовановски“.

– Веќе е изгребан стариот асфалт и наредниот период ќе биде поставен нов асфалт, кој што ќе ги задоволува стандардите на современа пристапна улица до самата касарна. Инвестицијата е околу 540.000 денари, кажа Николов.

Дополни дека од денеска, во штипската населба „Дузлак“, почната е и реконструкција на улиците „Струмичка“, „Радовишка“ и „Виничка“, како и на дел од улицата „Драги Крупишки“. Вредноста на овој проект, кој е целосно финансиран од буџетот на општината, изнесува околу 28.000 евра. вдј/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close