Дописници МКДОпштински вести

Почна реконструкцијата на улицата „252“ во Куманово

Почна реконструкцијата на улицата „252“ во населбата Ајдучка чешма во Куманово. Санацијата е дел од годишната програма за реконструкција на улици. Увид во градежните работи изврши градоначалникот Максим Димитриевски, посочувајќи дека инфраструктурните проекти ќе продолжат и во наредниот период.

Куманово, 6 мај 2021 (МИА) – Почна реконструкцијата на улицата „252“ во населбата Ајдучка чешма во Куманово. Санацијата е дел од годишната програма за реконструкција на улици. Увид во градежните работи изврши градоначалникот Максим Димитриевски, посочувајќи дека инфраструктурните проекти ќе продолжат и во наредниот период.

-Го реализираме проектот за реконструкција, санација и обновување на улица „120“ и улица „252“. Во рамките на тој проект ќе бидат реконструирани постоечките инфраструктури, обновена и поставена нова површина на асфалт на површина од околу 6.000 метри квадратни со вкупна вредност на инвестиции нешто помалку од пет милиони денари, изјави Димитриевски.

Тој потсети дека се асфалтирани голем број на улици и локални патишта во кумановско и очекува трендот на реализација да продолжи со досегашната динамика.

-Во рамки на програмата што ја нарековме „Општината за селата“ поставивме приближно 47.000 метри квадратни нови асфалтни површини во поголем број на села, изјави Димитриевски.

Тој најави дека на седница на Советот ќе има дополнување на годишниот буџет и годишната програма за работа на општината, а трендот на реконструкција на улиците ќе продолжи и во приградските населби. ам/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close