0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоОпштински вести

Почна реконструкцијата на спортскиот комплекс „Соколана“ во Куманово

Почна првата фаза од реконструкцијата на спортскиот комплес „Соколана“ во Куманово.

Куманово, 3 февруари 2021 (МИА) – Почна првата фаза од реконструкцијата на спортскиот комплес „Соколана“ во Куманово.
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на својот фејсбук-профил објави дека во тек се градежни активности на комплексот, односно, прва фаза на реконструкција на игралиштето и на трибините. Предвидено е партерно уредување на игралиштето, реконструкција, терен за мал фудбал со комплетна реконструкција на трибините.
Претходно, Владата преку Агенцијата за млади и спорт обезбеди 7,5 милиони денари за реконструкција на познатиот спортски комплекс. Државата и ги врати на општината во владение четирите големи спортски објекти, Соколана, градскиот стадион, стрелиштето и спортската сала, со кои низ децениите стопанисуваа приватни субјекти.
„Соколана“ е култно место за кумановци, чија градба почнала на почетокот на 20-тиот век и е препознатлива не само по спортските настани, туку и по забавниот живот на кумановци. Изградбата почнала во 1923 и со повремени прекини завршила во 1930-та година. Градена е со средства од доброволни прилози од населението и од тогашната кумановска еснафска јавност.ам/фф/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close