Дописници МКДОпштински вести

Почна реконструкцијата на спомен паркот во Пробиштип

Почна реконструкцијата на спомен паркот „Братство и единство“ во Пробиштип. Од денеска воведен е во работа и нов економски оператор што ќе ја изведува реконструкцијата, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.

Штип, 22 јули 2020 (МИА) – Почна реконструкцијата на спомен паркот Братство и единствово Пробиштип. Од денеска воведен е во работа и нов економски оператор што ќе ја изведува реконструкцијата, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.

Проектот е  финансиран од страна на Агенцијата за финасиска поддршка во руралниот развој во висина од 19.496.130 денари, додека фирмата која ќе ја врши реконструкцијата има рок за изведба од 7 месеци.

Реконструкција на спомен паркот, како што информира Анастасов, предвидува и нови содржини како што се: трим патека, вело патека, спортска фитнес зона, детска зона на повеќе платформи, реквизити, летниковци, урбана опрема, хортикултурно уредување, паркинг простор, ново осветлување и чуварница и лице што ќе биде ангажирано за одржување и чување на просторот.

Тој потенцира дека со реализација на овој проект споменикот ќе ја зачува автеничноста, но притоа самиот простор ќе се надополни со нови содржини за рекреација и одмор за сите граѓани.вдј/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close