Дописници МКДОпштество

Почна реконструкцијата на регионалниот пат Јегуновце-Желино

Од денес почна реконструкцијата на на регионалниот пат  Желино-Шемшово-Јегуновце. Изведувач на градежните работи е „Македонија пат“, а финансиските средства се обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта.

Тетово, 3 август 2021 (МИА) – Од денес почна реконструкцијата на на регионалниот пат  Желино-Шемшово-Јегуновце. Изведувач на градежните работи е „Македонија пат“, а финансиските средства се обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта.

-Станува збор за изведување на градежни работи за надградба на коловозот со пет сантиметри асфалт, како и поставување на банкини од по половина метар, со претходна санација на ударните дупки. Почетокот беше направен денес кај фабриката „Југохром“ и ќе се работи до спојот на патот р2233 Јегуновце-Теарце, информираше Дејан Јовановски, раководител на тетовската секција на „Македонија пат“.

Реконструкцијата на коловозот ќе се врши во повеќе етапи.

– Прво од Јегуновце до Јанчиште, потоа излез од Јанчиште до влез на Шемшово, по што ќе се работи од Шемшово до бензинска пумпа кај Сирично. За потегот низ Јанчиште ќе се работи откако ќе се заврши со изградба на канализацијата. Исто така ќе се чека да се завршат градежни работи на Општина Желино за да се работи на крајната фаза од Сиричино до Желино, истакна Јовановски.

Градоначалникот на Јегуновце, Дарко Блажески на својот фејсбук профил напиша дека со оваа реконструкција наскоро ќе биде решен повеќегодишен проблем.

-По 30 години започна рехабилитација на регионалниот пат Јегуновце – Желино. Деценискиот проблем со лошата патна инфраструктура на регионалниот пат Јегуновце – Желино наскоро ќе биде решен. Продолжуваме со реализација на инфраструктурни проблеми, порача Блажески.

Поради реконструкцијата, ќе има времен режим на движење секој ден од 7:30 до 16:30 часот, а од „Македонија пат“ апелираат граѓаните да ги користат алтернативните патишта. ас/бак/

Таг
Back to top button
Close
Close