Општински вестиСкопје

Почна реконструкција на улица 5 во Расадник во општина Бутел

Општина Бутел во изминатиов период интензивно работи на реконструкција на улиците кои се предвидени во програмата за активности за 2020 година. Во периодот кој следи, Општина Бутел продолжува со редовна реконструкција и пополнување на дупки на сите оштетени улици со цел побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај во нашата општина, велат од Општина Бутел.

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Почна реконструкција на улица 5 во Расадник во Општина Бутел, информираат општинските власти.

Минатата недела заврши реконструкција на улица 13 во Расадник, која е со вкупна должина од 1.000 квадратни метри, а оваа недела се отпочна со реконструкција на улица 5 во населбата Расадник и улица та 3/2 во населбата Визбегово .

– Општина Бутел во изминатиов период интензивно работи на реконструкција на улиците кои се предвидени во програмата за активности за 2020 година. Во периодот кој следи, Општина Бутел продолжува со редовна реконструкција и пополнување на дупки на сите оштетени улици со цел побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај во нашата општина, велат од Општина Бутел. ир/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close