0_Македонија.ПорталПолитика

Почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ против посакпувањето на струјата

Со паролата „Скапа струја, сиромашен народ“ и со задоцнување од 20-на минути, попладнево пред Министерство за правда почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ против поаскапувањето на струјата.

Скопје, 9 септември 2020 (МИА) – Со паролата „Скапа струја, сиромашен народ“ и со задоцнување од 20-на минути, попладнево пред Министерство за правда почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ против поаскапувањето на струјата.

Откако пристигнаа лидерот на партијата Христијан Мицкоски и членовите на потесното раководство, учесниците на протестот се упатија кон Регулаторната комисија која е и крајна дестинација.

Се очекува пред Регулаторната комисија Мицкоски да се обрати.

На протестот се слуша скандирање, учесниците извикуваат „оставка“, „мафија и „мафија на робија“, а некои носат и транспаренти со пораката „Заев полни џеб, народот нема леб“.

Иако пртестот е организиран согласно КОВИД протоколите, пропишаната дистанца не се почитува. см/мч/

Протест на ВМРО ДПМНЕ

Posted by MИА.mk on Среда, 09 септември 2020

 

Back to top button
Close
Close