Дописници МКДОпштински вести

Почна отстранувањето времени објекти во централното градско подрачје во Куманово

Почна отстранувањето на времените објекти, бараки во централното градско подрачје во Куманово помеѓу улиците „11 Октомври“ и „11 Ноември“, соопштија денеска надлежните од секторот за инспекциски надзор.

Куманово, 11 декември 2019 (МИА) – Почна отстранувањето на времените објекти, бараки во централното градско подрачје во Куманово помеѓу улиците „11 Октомври“ и „11 Ноември“, соопштија денеска надлежните од секторот за инспекциски надзор.

Времените објекти се отстрануваат бидејќи ќе се проширува улицата „11 Ноември“. На тој дел од Куманово има 24 времени објекти од кои сите, освен два се во сопственост на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

– Активноста ја извршуваме согласно дописот кој го добивме од секотрот за урбанизам за реализирање на детален урбанистички план на тој потег. Постапката почна пред три месеци кога до Јавното претпријатие за стопанисуваење со станбен и деловен простор им беше доставено решение за отстранување на овие времени објекти од нивна страна, бидејќи тие во дадениот рок тоа не го сторија, се пристапи кон административно извршување од наша страна, изјави овластен раководител на секторот за инспекциски надзор, Бобан Бојковски.

И за двата објекти кои се во приватна сопственост, а се наоѓаат на оваа локација се води постапка која се очекува да заврши, по што ќе следи и нивно отстранување. Сите времени објекти во наредниот период ќе бидат на овој потег ќе бидат отстранети, најавија надлежните.

Од секторот за инспекциски надзор велат дека не очекуваат реакции од сопствениците на малите дуќани, бидејќи тие претходно биле известени од јавното претпријатие и знаеле дека ќе следи отстранување.

Претходно, поради проширување на улицата „Гоце Делчев“ и изградба на автобуски постојки беа отстранети четири времени објекти, а до крајот на неделава се очекува да се отстрани и објект кој може да се урне на „Илинденска“. ам/нд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close