Дописници МКДОпштински вести

Почна монтажа на опрема за приклучок на гас на две локации во Куманово

Јавното претпријатие „Куманово-гас“ почна со монтажа на опрема за приклучок на гас на колективна станбена зграда на улицата „Иво Лола Рибар“ и приклучоци за куќи на улицата „Васко Карангелевски“, информираа денеска надлежните од претпријатието.

Куманово, 9 септември 2020 (МИА) – Јавното претпријатие „Куманово-гас“ почна со монтажа на опрема за приклучок на гас на колективна станбена зграда на улицата „Иво Лола Рибар“ и приклучоци за куќи на улицата „Васко Карангелевски“, информираа денеска надлежните од претпријатието.

Оттаму ги повика граѓаните од овие две улици доколку се заинтересирани да се приклучат на мрежата и годинава да одберат природен енергент за затоплување на домовите. Директорот на претпријатието, Никола Денковски, рече дека се создадени услови за приклучок на приближно 200 домаќинства.

– Во моментов има можности за приклучок на дистрибутивниот гасоводен систем на вкупно 20 улици и булевари, изјави Денковски.

Во текот на летото, заврши изградбата на секундарната дистрибутивна мрежа на делницата на улица „Васко Карангелевски“ во должина од 800 метри, а претходно беше поставен приклучок на улицата „Иво Лола Рибар“. Мрежата беше проширена и на улицата „Димитар Влахов“ и на дел од улицата „Ленинова“.

Надлежното претпријатие „Куманово-гас“ им дава можност на заинтересираните граѓани на 12 месечни рати да го платат приклучокот од осумстотини евра. Општина Куманово во рамките на програмата за намалување на аерозагадувањето нуди и субвенции од 10.000 денари за секој приклучок. ам/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close