Дописници МКДОпштински вести

Почна монтажа на кровна конструкција на спортска сала во Куманово

Почна поставувањето кровна конструкција на училишната спортска сала која се гради во близина на кумановското средно училиште „Наце Буѓони“. Изградбата на спортската сала е инвестиција на Владата која се реализира преку Министерството за образование и наука со поддршка на општина Куманово.

Куманово, 22 јануари 2020 (МИА) – Почна поставувањето кровна конструкција на училишната спортска сала која се гради во близина на кумановското средно училиште „Наце Буѓони“. Изградбата на спортската сала е инвестиција на Владата која се реализира преку Министерството за образование и наука со поддршка на општина Куманово.

-По 60 години, средното техничко училиште „Наце Буѓони” ќе добие нова училишна спортска сала благодарејќи на МОН и општината. Во тек е монтажа на покривната конструкција на објектот- објави градоначалникот Максим Димитриевски.

Општината претходно издаде и градежна дозвола за изградба на салата.

Изминатиов период во Куманово со средствата на Владата беа изградени и пуштени во употреба две спортски сали, во средното стручно училиште „Перо Наков“, каде наставата се изведува на албански наставен јазик, како и во основното „Јероним де Рада“ во селото Черкези. ам/мч/

Back to top button
Close
Close