Општински вестиСкопје

Почна изградбата на затворен пливачки базен во Општина Ѓорче Петров

Почна изградбата на затворен пливачки базен во Општина Ѓорче Петров, кој ќе чини 38 милиони денари.

Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) – Почна изградбата на затворен пливачки базен во Општина Ѓорче Петров, кој ќе чини 38 милиони денари.

Затворениот пливачки базен во оваа општина е дел од проектот „Изградба на 14 пливачки базени“.

Проектот, како што сооштуваат од Агенцијата за млади и спорт предвидува изградба на затворени базени во 14 општини, што воедно е и еден од најголемите капитални проекти на Агенцијата во делот на спортската инфраструктура.

– Овој проект значи можност за рекреација, создавање здрави навики од најмала возраст и развој на пливањето како спорт, истакнал директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.фф/лв/

Back to top button
Close
Close