БизнисБизнис.ПорталДописници МКДОпштински вести

Почна изградбата на гасоводна мрежа во близина на градската џамија во Куманово

Во Кумново почна изградбата на дистрибутивната гасоводна мрежа на улица „Братство и Единство“ во близина на градската џамија до детската градинка „Синоличка“, информираа денеска надлежните од ЈП „Куманово-Гас“.

Куманово, 3 февруари 2021 (МИА) – Во Кумново почна изградбата на дистрибутивната гасоводна мрежа на улица „Братство и Единство“ во близина на градската џамија до детската градинка „Синоличка“, информираа денеска надлежните од ЈП „Куманово-Гас“.

-Се работи за нова дистрибутивна гасоводна мрежа која е предвидена согласно нашата програма за работа, останува уште еден дел од делницата да се заврши, тоа е на потегот од градската џамија до детската градинка, по должина од 260 метри, со што ќе се направи една целина од новоизградена дистрибутивна гасоводна мрежа од 1,5 километри и ќе се создадат технички услови за гасификација на болницата, како и на луѓето што гравитираат на улиците каде што поминува мрежата, изјави директорот на ЈП „Куманово-гас“, Никола Денковски.

На оваа дистрибутивна делница можат да се приклучат граѓаните и правните субјекти од улиците „Братство и единство“, „11 Октомври“, „11 Ноември“, „Осоговска“, „Сава Ковачевиќ“.

-Тоа е големо олеснување за граѓаните во делот на приклучната такса, бидејќи од 800 евра колку што е согласно нашиот ценовник кој е одобрен од Советот, сега цената на приклучок е 550 евра односно со можност на плаќање на 12 рати. Се надеваме дека ќе дојде до позитивни ефекти кај граѓаните и ќе изразат поголема заинтересираност за приклучување на мрежата. Од година в година тој број константно расте, изјави Денковски.

На последната седница во 2020, советниците донесоа одлука со која се зголеми субвенцијата за приклучок на гас за физичките лица и од претходните 10.000 за оваа година изнесува 15.000 денари.

Досега се изградени над 20 километри дистрибутивна гасоводна мрежа, а на гас се приклучени околу 300 објекти.ам/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close