Дописници МКДОпштински вести

Почна изградбата на една од најважните улици во село Преглово, општина Пласница

Со средства од буџетот на општина Пласница, во село Преглово почна изградбата на една од најфреквентните улици која овозможува директно поврзување со Основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ и со скоро сите делови на селото.

Кичево, 7 септември (МИА) – Со средства од буџетот на општина Пласница, во село Преглово почна изградбата на една од најфреквентните улици која овозможува директно поврзување со Основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ и со скоро сите делови на селото.

– Онака како што беше предвидено, ние како Општина почнавме со изградба со бекатон коцки на една од главните улици во село Преглово. Оваа улица е важна за сите жители на селото Преглово, а особено за учениците бидејќи оваа улица директо се поврзува со Основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“, рече Елсан Нурчески, в.д. градоначалник на Општина Пласница.

И во наредниот период, како што рече, ќе продолжиме со нови градби се со цел сите улици да бидат изградени и современи, во ова населено место и во другите региони на нашата општина. рз/мд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close