0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Почна изградба на улици во светниколското село Црнилиште

Почна изградбата на улици во должина од еден километар во светиниколскоѕо село Црнилиште. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека ова е едно од поживите села, од каде младите не се иселени и работат на своите ниви.

Штип, 10 февруари 2020 (МИА) – Почна изградбата на улици во должина од еден километар во светиниколскоѕо село Црнилиште. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека ова е едно од поживите села, од каде младите не се иселени и работат на своите ниви.

Финаниските средства се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој од мерката 3.2.2. и дел од Општина Свети Николе.Изведувач на градежните работи е фирмата ОСД од Скопје, вели Велковски.

Забележува дека во ова село живеаат околу 400 жители, а во текот на викендите и летото во своите куќи се враќаат и жители од Свети Николе и Штип за да ги обработуваат своите ниви.

-Со години не е инвестирано во патната инфраструктура во ова село. Младите овде се ориентирани пред се на земјоделство, вели Велковски.

Во светниколското село Црнилиште потребно е да се асфалтираат улици во должина од уште минимум два километри. Средства за реализација на овој проект ќе се бараат од државниот, но и од општинскиот буџет. вдј/сст/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close