Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Почна изградба на улици во пет населени места во општина Кочани

Општина Кочани почна проект за изградба и асфалтирање улици во руралните средини, со кој се опфатени населените места Оризари, Прибачево, Тркање, Долни Подлог и Мојанци.

Кочани, 1 феврури 2020 (МИА) – Општина Кочани почна проект за изградба и асфалтирање улици во руралните средини, со кој се опфатени населените места Оризари, Прибачево, Тркање, Долни Подлог и Мојанци.

Средствата за оваа капитална инвестиција се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а таа е дел од планот за тековната година со кој во општината ќе се изградат 30 улици со вкупна вредност од 125 милиони денари.

– Градежната механизација на избраниот изведувач „Коп инженеринг“ од Скопје веќе работи на улицата „Ангел Донев“ во Оризари, каде трасирањето е завршено и почна тампонирањето, при што е планирана е изградба на тротоари поплочени со бехатон, а градежните работи опфаќаат и дренажа, поставување рабници и асфалтирање. Наскоро ќе почне изградбата на улици и во други села од полскиот регион. Со мерката 322 од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој добивме средства за изградба на улиците „Тоде Паунов“ во Долни Подлог, „Маршал Тито“ во Мојанци, „Ангел Стојчев“ во Тркање и „Михаил Арсов“ во Прибачево, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Освен улиците во населените места, во руралниот дел ќе се асфалтираат по два километри локални патишта, од котата Крушка до месноста Ајдар и од населбата Оризари до локалитетот Добра Вода.

Според градоначалникот Илијев, со реализацијата на проектите од патната инфраструктура во населените места и во градот, до крајот на 2020 година планирано е да се асфалтираат сообраќајници со вкупна должина од 13 километри.та/лв/

Back to top button
Close
Close