Дописници МКДОпштински вести

Почна имунизацијата на младите и обуките за медицинските тимови од истокот за аплицирање на вакцината „Фајзер“

Во штипскиот Здравствен дом од денеска почна имунизацијата за младите од 12 до 18 години, за што пријавени се вкупно 38 лица. Дијана Коцева-Миланова одговорен лекар за вакцинација против коронавирусот во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ вели дека денеска во регионалниот пункт „Јордан Мијалков“ во тек е и обуката на медицинскиот кадар од здравствените домови од источниот регион за аплицирање на вакцината „Фајзер“.

Штип, 19 јули 2021 (МИА) – Во штипскиот Здравствен дом од денеска почна имунизацијата за младите од 12 до 18 години, за што пријавени се вкупно 38 лица. Дијана Коцева-Миланова одговорен лекар за вакцинација против коронавирусот во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ вели дека денеска во регионалниот пункт „Јордан Мијалков“ во тек е и обуката на медицинскиот кадар од здравствените домови од источниот регион за аплицирање на вакцината „Фајзер“.

-Во Штип се пријавени 38 деца на возраст од 16 до 18 години, има доволно вакцини. Различна е мотивацијата за вакцинирање, некои се мотивирани од здравствени причини, некои имаат хронични болести и е препорачано вакцина. Претежно мотивацијата  кај граѓаните за вакцината „Фајзер“ е за патување во странство, вели Коцева-Миланова.

МИА беше во вакционалниот пункт во Здравствениот дом, каде што освен младите, без закажување се вакцинираат и повозрасните граѓани. Младите велат дека сакаат да се вакцинираат, со цел да си го заштитат здравјето, но и да патуваат во странство.

Во регионалниот пункт во салата „Јордан Мијалков“-Штип се врши само ревакцинирање на граѓаните, а ќе биде затворен до крајот на месецот. Прва доза на вакцина се прима само во штипскиот Здравствен дом, а во тек е и теренската вакцинација, која треба да заврши до крајот на неделава. вдј/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close