Дописници МКДОпштински вести

Почна хортикултурното уредување на јавните површини во Македонска Каменица

Македонска Каменица хортикултурно се уредува. Со уредувањето се опфатени јавните зелени површини, а работите ги завршуваат екипи на Јавното претпријатие „Камена Река“.

Македонска Каменица, 19 април 2021 (МИА) – Македонска Каменица хортикултурно се уредува. Со уредувањето се опфатени јавните зелени површини, а работите ги завршуваат екипи на Јавното претпријатие „Камена Река“.
-Покрај пролетното чистење и третирање на зелените површини, започнавме и со хортикултурното уредување на јавниот простор околу Градскиот плоштад и Кејот на Каменичка Река. Акцијата за уредување на јавните површини во урбаниот дел на Македонска Каменица, ќе се одвива со динамика во зависност од временските услови, информираа од претпријатието.
Во меѓувреме како што додадоа исчистена е дивата депонија во една од приградските населби во Македонска Каменица.
-Вработените во ЈП „Камена Река“ задолжени за јавна чистота и комунална хигиена пристапија кон расчистување на фрлениот отпад и уредување на просторот кај настанатата дива депонија. Дивата депонија е целосно исчистена, а расфрланиот отпад е отстранет од јавните зелени површини, додадоа од „Камена Река“.
Апелираа граѓаните во иднина да покажат повисока еколошка свест, грижа за природата и внимание во однесувањето кон животната средина. вс/сст/

Таг
Back to top button
Close
Close